Утрински Весник
Свет

Јанша му честита победа на Трамп иако сè уште нема резултати од гласањето

Јанша му честита победа на Трамп иако сè уште нема резултати од гласањето

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, му честита победа на Доналд Трамп, на претседателските избори иако сè уште не се објавени резултати и гласовите сè уште се пребројуваат.

Јанша вели дека е јасно дека американскиот народ го избрал Доналд Трамп за уште еден четиригодишен мандат како претседател на САД.

„Колку повеќе одложувања и негирања на фактите во главните медиуми, толку поголем ќе биде конечниот триумф на Трамп“, напиша Јанша на „Твитер“.

Во исто време, Јанша ѝ честиташе на републиканската партија за силните резултати постигнати низ САД.

Тој претходно јавно ја објави својата поддршка за Трамп, изјавувајќи дека доколку биде избран Џо Бајден, тој ќе биде „најслабиот претседател во историјата“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан