Утрински Весник
Магазин

Предупредување за Меган Маркл: Нов доказ во судскиот спор може да промени сè

Предупредување за Меган Маркл: Нов доказ во судскиот спор може да промени сè

Меган Маркл е предупредена дека нов доказ во судскиот спор против нејзиниот татко Томас Маркл и весникот „Мејл он сандеј“ може сериозно да ја смени иднината на постапката.

Меган е пред голем напредок во нејзината долга правна битка против „Асошиејтед њузпејперс“ издавач на таблоидот,  според кралските коментатори. На војвотката од Сасекс, наводно, ѝ е одобрена молбата за скратена пресуда, што значи дека нејзиниот случај ќе биде ставен на тест дали може да се сослуша на скратено рочиште.

Домаќините на подкастот „ИТВ Ројал рот“ Крис Шип и Лизи Робинсон разговараа за тоа како овој развој на настаните може да промени многу во судскиот процес.

„Ако има скратено рочиште, тоа ќе значи дека нема да има судење воопшто. Ова значи дека фактите на законот ќе бидат изнесени пред судијата и нема да има сведоци,“ рече кралскиот коментатор.

„Анонимните пријатели на Меган нема да бидат повикани. Ниту Меган и принцот Хари нема да бидат таму, рече коментаторот. „Тука го гледам главниот аргумент што Сасекси го предочија пред судијата Кеј во Високиот суд вчера.“

Тој продолжи: „Сè беше направено виртуелно, само судијата Кеј седеше во судот. Новинарите што го следат процесот, како и адвокатите на обете страни, сите беа виртуелно повикани.“

Војвотката го тужи „Асошиејтед њузпејперс“, издавачот на „Мејл он сандеј“, за нарушување на нејзината приватност со објавување на приватно и доверливо писмо до нејзиниот татко.

Таа поднесе тужба против британскиот таблоид за статија во која се објавени делови од рачно напишано писмо кое таа му го испратила на нејзиниот оттуѓен татко Томас Маркл, во август 2018 година.

Во своја одбрана, весникот тврди дека го објавил писмото во февруари 2019 година, откако петмина пријатели на Меган дале анонимни интервјуа за американскиот магазин „Пипл “.

Таа беше децидна дека не ги овластила своите пријатели да зборуваат со „Пипл“ и дека „Мејл он сандеј“ сакал да ги именува за да го искористи правниот спор за комерцијални причини

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста