Утрински Весник
Свет

Рекордни над 4 илјади заболени и 63 починати во Бугарија

Рекордни над 4 илјади заболени и 63 починати во Бугарија

Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 4041 нови случаи на коронавирус, а починале 63 луѓе. Извршени се 11.066 ПЦР тестови и позитивните во земјата се 36,5%, пренесува Новини.бг.

Со тоа вкупниот број на заразени достигна 60.537. Досега починале вкупно 1.412 луѓе.

2.922 од пациентите се хоспитализирани, 210 од нив се на интензивна нега. Вкупниот број на активни случаи е 37.581.

Дневно биле излекувани 507 лица или вкупно 21.544 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стармер: Заканите на Трамп за царини поради Гренланд се „сосема погрешни“

Реакции на Данска и на Франција по заканите од Трамп за царини поради прашањето за Гренланд

ЕУ разгледува одговор на царините на Трамп за Гренланд