Утрински Весник
Свет

Две лица уапсени по евакуација на железничката станица во Утрехт

Две лица уапсени по евакуација на железничката станица во Утрехт

Полицијата во холандскиот град Утрехт објави дека го запрела сообраќајот на возови на централната железничка станица, бидејќи полицајци трагале по лице во воз.

Потоа властите гп потврдија апсењето на две лица во врска со евакуацијата на централната железничка станица во Утрехт, додавајќи дека „под истрага е нивната вмешаност“.

На социјалните мрежи беше споделено видео на кое наводно се гледа како тим експерти за експлозиви доаѓаат на железничката станица и друго на кое може да се забележат луѓе кои чекаат.

„Уапсени се двајца осомничени и нивната вмешаност е под истрага. Сообраќајот на возови ќе продолжи што е можно поскоро“, објави полицијата на „Твитер“.

Претходно денеска, полицијата во Утрехт објави дека централната железничка станица е расичистена поради, како што беше опишано, „сомнителна ситуација“.

Властите соопштија дека полицајците барале лице во возот, без да дадат дополнителни детали.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австрија планира да воведе забрана за користење социјални мрежи за децата помлади од 14 години

Суд привремено ја блокираше забраната на Пентагон за користење на „Антропик“

Путин барал од олигарсите да помогнат во финансирањето на буџетот за воените трошоци