Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костовски: Вело Марковски со непроверени информации го поткопува здравствениот систем

(Видео) Костовски: Вело Марковски со непроверени информации го поткопува здравствениот систем

Додека институциите со сите свои капацитети се борат против пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски секојдневно се однесува деструктивно и го поткопува здравствениот систем, рече денеска на прес-конференција, пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.

„Наместо конструктивност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дејствуваат опасно по јавното здравје. Во време на сериозна здравствена криза, Мицкоски организира јавни собири за спас на сопствената фотелја во белиот дворец, загрозувајќи го јавното здравје“, посочи претставникот на СДСМ.

Тој нагласи и дека членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски постојано ги оспорува мерките и шири непроверени информации со што ги поттикнува граѓаните да не ги почитуваат мерките и со тоа го поткопува здравствениот систем.

„Јавното здравје е заедничка одговорност. Секој од нас мора максимално да ги почитува мерките и задолженијата. Да носиме заштитна опрема на носот и устата, да не се групираме и да држиме дистанца“, повика Костовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јавноста се вклучува во исцртувањето на иднината на водите од сливот на Вардар

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства “патриотите” од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи” во Македонија

ЛДП: Правдата е индивидуална, ниту еден народ не е злосторнички – да престане релативизација на воените злосторства