Најдобриот стрелец на Интер од почетокот на сезоната, Ромелу Лукаку, поради повреда ќе го пропушти утрешниот натпревар против Реал, во Мадрид, во Лигата на шампионите.
Натпреварот на „Алфредо ди Стефано“ стадионот привлекува големо внимание, бидејќи двата тима, во првите две кола во Б-групата, немаат победа. Интер два пати одигра нерешено, а Реал има загуби од Шахтјор и одигра нерешено во Менхенгладбах, против Борусија.
Ромелу Лукаку, не играше во саботата против Парма (2:2), а последните лекарски прегледи покажале дека тој нема да биде во состојба да на стапи против Реал.
„Отсуството на Лукаку не може, а да не влијае врз нашиот тим. Не успеал да постигне гол на само два меча од почетокот на сезоната. Притув Парма шутиравме 25 пати и не успеавме да победиме“, рекол тренерот на Интер, Антонио Конте.
Лукаку сезоната има просек од гол по натпревар, одиграл седум натпревари и постигнал исто толку голови.
Прашање е како Конте ќе го реши отсуството на Лукаку против Реал. На натпреварот со Парма, партнер во нападот на Лаутаро Мартинез му беше Иван Перишиќ.
> Интер без Лукаку против Реал во Мадрид <