Утрински Весник
Свет

Нов Зеланд: Доморотка за прв пат избрана за министерка за надворешни работи

Нов Зеланд: Доморотка за прв пат избрана за министерка за надворешни работи

Лабуристичката партија, предводена од премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која победи на општите избори на 17 октомври, за првпат избра родена Маварка на функцијата министер за надворешни работи.

Локални извори известуваат дека Нанаја Махута, која беше министерка за локална самоуправа и развој на Маврите во претходната владина коалиција, стана првата министерка за надворешни работи од народот Маври.

Махута за првпат беше избрана за пратеничка во 1996 година, кога стана првата членка од домородното население и ја претставува областа Те Таи Хауауру.

Махута на брадата има традиционална тетоважа на Маврите – „моко кауае“.

Скоро половина од новоизбраниот парламент на Нов Зеланд го сочинуваат жени пратенички.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна