Утрински Весник
Спорт

Дали некој му кажал дека има 39 години? Златан со невиден гол за нова победа на Милан

Дали некој му кажал дека има 39 години? Златан со невиден гол за нова победа на Милан

Златан Ибрахимовиќ уште еднаш покажа дека е непроценлив играч за Милан, откако имаше асистенција и неверојатен гол да ги предводи „росонерите“ до 2:1 победа на гостувањето кај Удинезе.

Ибра прво во 18. минута покажа дека има неверојатна контрола на фудбалската топка, смирувајќи ја со гради и нозе за да му асистира на Френк Кеси за 1:0, но предноста на Милан беше „поништена“ во 48. минута кога Родриго де Паул израмни од пенал.

Сепак, Златан не би бил Златан да не го чува најдоброто за крај. Во 83. минута по обидот на нововлезениот Анте Ребиќ, Ибрахимовиќ на 39 години покажа неверојатна подвижност и со гол со ножички го реши победникот во мечот.

Со победата, петта во шест кола, Милан останува прв во Италија со 16 освоени поени, четири повеќе од второпласираната Аталанта, додека Удинезе, за кои повторно не доби шанса Илија Несторовски, се на 18. место со само три освоени поени.

> Дали некој му кажал дека има 39 години? Златан со невиден гол за нова победа на Милан <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија