Утрински Весник
Свет

Строги мерки се неопходни во Италија – коронавирусот се шири застрашувачки брзо

Строги мерки се неопходни во Италија – коронавирусот се шири застрашувачки брзо

Новиот дневен рекорд на заразени со ковид-19 во Италија изнесува речиси 32.000 лица, починале 297, а хоспитализирани се во моментот 18.000 пациенти.

На интензивна нега во моментов има 1.843 пациенти.

Министерот за здравство, Роберто Сперанца вели дека инфекцијата се шири застрашувачки брзо.

„ Или ќе го спречиме ширењето на коронавирусот или за неколку дена ќе се најдеме во многу тешка ситуација. Имаме 48 часа да размислиме пред да воведеме нови мерки“, рече тој.

Премиерот Џузепе Конте, кој според извештаите во медиумите упорно одбива да воведе нов карантин за целата територија, ги омекна своите ставови и сега зборува за „насочен карантин“, односно затворање на оние области каде што е највисоко нивото на инфекција. Северниот регион Ломбардија, каде имало 9000 нови случаи во последните 24 часа и јужниот регион Кампанија, каде што биле откриени скоро 4000 нови случаи во последните 24 часа се најзагрозените делови на државата.

„ Да се ​​тврди дека излезот од пандемијата е имунитет на стада е огромна глупост. Со сите ограничувања што ги презедовме, пандемијата се шири и не е тешко да се замисли во каква ситуација би се нашле доколку не сториме ништо за да го спречиме ширењето на ковид-19 “, пишува на својот Фејсбук профил професорката од Универзитетот во Падова, имунологот Антонела Виола.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата