Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Георгиевска: Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме поддршка за занаетчиите и самостојните вршители на дејност

(Видео) Георгиевска: Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме поддршка за занаетчиите и самостојните вршители на дејност

 

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи останува посветена на помош и поддршка на граѓаните и стопанството во справување со економските последици од коронавирусот, соопшти Марија Георгиевска, пратеничка од СДСМ.

„ Мерките посветуваат особено внимание на самостојните вршителни на дејност, занаетчиите, кои се погодени од коронакризата.

По носењето на ребалансот на Буџетот, Министерството за економија ќе објави Јавен повик за кофинансирање на трошоци за занаетчии при што се предвидува надомест на 60% од трошоците или максимум 30.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант.

За оваа намена од Буџетот на Министерството за економија се предвидени 15 милиони денари.

За поконкруетно занаечтиство, веќе од 1 јануари следната година ДДВ на занаетчиски услуги се намалува од 18% на 5%.

Важно е да се напомене дека занаетчиите и самостојните вршители на дејности и натаму на располагање ги иаат другите антикризни мерки, како што е поддршката за исплата на платите и пристапот до бескаматни кредити од Развојната банка.

Како одговорна партија СДСМ продолжува да спроведува мерки и политики кои обезбедуваат помош за секој поединец, за секое претпријатие.

И во време на сериозна светска здравствена и економска криза, грижата за сите продолжува“ додаде Георгиевска.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт