Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Никогаш нема да се вратам во Барселона

Гвардиола: Никогаш нема да се вратам во Барселона

Пеп Гвардиола, по трумфот на Манчестер сити над Шефилд Јунајтед (1:0), открил дека никогаш повеќе во кариерата нема да биде тренер на Барселона. Како предводник на Барса, Гвардиола ги постигна најголемите успеси во својата тренерска кариера.

„Мојот период како тренер на Барселона е завршен. Еднаш во животот правите некои работи. Завршено е“, рекол Гвардиола и дополнил.

„Ќе се вратам во градот да го гледам клубот што го сакам, да гледам натпревари и тоа е тоа“.

Гвардиола во периодот 2008-2012 година со Барселона освои 14 трофеи, вклучувајќи три во ла Лига и да во Лигата на шампионите.

> Гвардиола: Никогаш нема да се вратам во Барселона <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп