Утрински Весник
Спорт

Мурињо: Бејл наскоро ќе лета!

Мурињо: Бејл наскоро ќе лета!

Менаџерот на Тотенхем, Португалецот Жозе Мурињо вели дека Герет Бејл е сè поблиску до својата идеална форма и се надева дека Велшанецот „ќе лета“ вечерва против Антверпен во Лига Европа.

Португалскиот стратег смета дека Бејл ќе биде во стартниот состав, а за фудбалерот ова ќе е втор меч во првите 11 откако беше стартер во триумфот против ЛАСК.

„Бејл игра и сите имаме, не само чувство, туку и податок кој покажува дека доаѓа. Работи многу, сјаен пример е за сите. Неговото однесување како момче за тимот е неверојатно, неговото однесување во Тотенхем е извонредно“, смета Мурињо.

Португалецот очекува уште вечерва да го види „стариот“ Бејл, на добро ниво.

Мечот на Тотенхем против Антверпен почнува во 18.55. Белгискиот тим има три бода од првото коло во групата, по гостинскиот триумф кај Лудогорец во Бугарија.

> Мурињо: Бејл наскоро ќе лета! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп