Утрински Весник
Свет

Во БиХ секој втор граѓанин позитивен на коронавирус, 20 нови смртни случаи

ВМРО-Народна партија: Зошто во Македонија сè уште нема брзи ПЦР тестови во аптеките?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 1.534 новоинфицирани со коронавирус, а биле тестирани вкупно 3.137 лица.

Тоа практично значи дека секој втор тестиран граѓанин е позитивен на коронавирус.

Во БиХ, во понеделникот се регистрирани 703 случаи, а тестирани се 1.833 лица.

Во последните 24 часа дури 20 лица починале од последиците на коронавирусот.

Во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ се пријавени 1.720 примероци, од кои 909 биле позитивни на коронавирус.

Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата БиХ.

Досега се тестирани вкупно 196.308 примероци, а вирусот е потврден кај 27.649 лица.

Од денес, во Федерацијата БиХ се излечени 18.567 пациенти, а во изминатите 24 часа е забележано закрепнување кај 275 пациенти. Во моментов има активни 8.358 позитивни случаи на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода