Утрински Весник
Спорт

ВАР: Нема пенал врз Рамос

ВАР: Нема пенал врз Рамос

Медиумите од Каталонија не можат да се помират со поразот на Барселона од Реал (1:3). Согласни се дека мечот го решил пеналот што судијата Мунуера го досуди за Реал. Највлијателниот спортски медиум во Каталонија „Спорт“, тврди дека судијата од ВАР собата добил сугестија да не досуди пенал за Реал бидејќи Рамос прв го фаулирал Клеман Ленгле.

Овој извор тврди дека Барселона ќе го побара аудио записот од разговорот помеѓу главниот судија Хозе Мартинез Мунуера и ВАР-асистентот Хозе Марија Санчез Мартинез.

На „Ноу Камп“ се уверени дека против клубот се води кампања на чело со Веласко Карбаљо кој е одговорен за делегирање на судиите во Ла Лига.

> ВАР: Нема пенал врз Рамос <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пелистер испадна во Втора лига, Шкендија Арачиново го сочува прволигашкиот статус

ПСЖ повторно е крал на Европа! Арсенал падна по пенал-драма во Будимпешта

Европа чека нов или стар шампион – ПСЖ и Арсенал за трофејот од Лигата на шампионите