Утрински Весник
Македонија

Николоски: Тројца новинари кои објавуваат за криминалите на власта се под судски прогон

Николоски: Тројца новинари кои објавуваат за криминалите на власта се под судски прогон

Тројца новинари се под судски прогон и притисок од власта затоа што објавуваат материјали од јавен интерес кои ги добиле од свиркачи, посочи членот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Новинарите кои објавуваат материјали за криминалите на власта се под притисок и сметам дека најмалку што може да направиме како пратеници е да дадеме поддршка на новинарите кои што во моментов се или под судски прогон, или веќе имаат донесени судски пресуди за изнесување во јавност информации кои што до нив стигнале од укажувачи“. рече тој во своето обраќање.

Според Николоски, иако судот проценил дека материјалите се таканаречена државна тајна, новинарите одлучиле дека јавниот интерес е пред државната тајна и заради тоа решиле да ги публикуваат.

„Ова е лоша пракса, ниту една власт не издржала на сила“, додаде тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Клековски: Прашањето не е само дали, туку како безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе одржи надзорна расправа за „Алта банка“

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина