Двејн Вејд и Шекил О’Нил имаа блескави НБА-кариери во кои заработија многу и сега ги предупредуваат младите НБА-кошаркари да бидат внимателни и да не ги повторуваат нивните грешки.
Во интервју за „Шарк танк“ во чест на денот на црните бизнисмени, двајцата зборуваа за финансиската интелигенција и Шекил признава дека кога почнал не знаел како да ги троши парите.
„Откако го потпишав првиот спонзорски договор, потрошив еден милион долари во еден час на неколку луксузни автомобили, накит и пат во Лас Вегас. Толку трошев, што од банката ми се јавија да разговараат со мене и ми порачаа дека ќе се уништам ако трошам како лудак, бидејќи не ги сметав работите како данок и слични работи“, вели Шекил.
Двејн Вејд имаше слична приказна за некои „сомнителни“ инвестиции.
„Потрошив многу пари. Имав лоши односи со луѓе од компании надвор од кошарката, некои ресторани. Требаше да бидам поедуциран“, објаснува Вејд.
Inspiring, educational, super cool! Thank you Daymond John + Ice-T, Gabrielle Union, Dwayne Wade, LL Cool J, Bob Johnson, Shaquille O’Neal + pic.twitter.com/wfzIIliK4P
— SHOPWAMF by Ingrid Walter (@artaboutfashion) October 25, 2020
> Шекил: Кога првпат добив пари, потрошив милион долари за еден час! <