Утрински Весник
Политички Партии

Левица бара оставка од Филипче: „Неговата стратегија е вината да ја префрла на народот“

Левица бара оставка од Филипче: „Неговата стратегија е вината да ја префрла на народот“

Најновите статистички извештаи на веб-сајтот „Ворлдометерс“ според кои Македонија е прва во светски рамки по број на починати во 24 часа на милион жители, уште еднаш ја покажува алармантно лошата кондиција на нашиот здравствен систем, велат од политичката партија Левица.

Од таму како голем проблем ја посочуваат и како што велат, неодговорноста на министерот за здравство, Венко Филипче, кој на почетокот на пандемијата рекол дека пикот на заразени се очекува да достигне до 2.000, а до вчера во земјава се вкупно детектирани 26.954 случаи на инфекција.

„Денеска Филипче изјави дека, над 85% од досега починатите (919) од Ковид-19 имале други хронични болести. Погрешните одлуки на Владата се согледуваат во тоа што хронично болните лица, иако се загрозена категорија, повторно беа вратени на работните места – додека Владата се обидува да протне онлајн-седници на Собранието“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека министерство на чело со Филипче, треба да престане со стратегијата на префрлање вина на „непослушниот“ народ.

„Арогантниот однос на Филипче кон народот не застанува со обвинувањата за ширењето на вирусот. Тестовите кои се прават на државна сметка се многу помалку отколку оние во приватните клиники. Според објавените информации во јавноста, завчера за едно деноноќие се направени само 776 на државна сметка, а останатите 1.125 во приватните клиники, за кои пациентите платиле вкупно 75 илјади евра. Освен ова, огромни се сумите со кои полицијата ги казнува оние кои ќе ги фати без маска, во кола, или онаму кадешто е пропишано да се носи, додека пак кафичите во сопственост на блиски личности до власта, не се санкционираат, иако ги прекршуваат правилата“, посочуваат од Левица од каде бараат Венко Филипче да си поднесе оставка и следниот министер сериозно да ја преземе работата за справување со оваа криза.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт