Утрински Весник
Свет

Мајк Пенс одбива да оди во самоизолација

Мајк Пенс одбива да оди во самоизолација

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, одбива да се самоизолира и покрај тоа што неговите четворица блиски соработници беа позитивни на коронавирус.

Вработените во неговата канцеларија поминаа во изолација по тестирањето во саботата, потврди портпаролот на Пенс, Девин О Мали. Сепак, иако советникот на потпретседателот и уште двајца асистенти се заразени, Пенс не размислува за самоизолација, пишува Си-ен-би-си.

Во изјава за медиумите, О’Мали истакна дека Пенс и неговата сопруга Карен Пенс се уште се во добра здравствена состојба.

Началникот на Генералштабот на Белата куќа, Марк Медоу, одби да каже кои лица од канцеларијата на потпретседателот, биле позитивни на коронавирус. Тој рече дека нема да ги открива личните податоци на вработените, освен ако тие не се претседател или потпретседател.

Сепак, она што ја разлути американската јавност е тоа што Пенс продолжува да се појавува на политички митинзи. Тој денеска ќе биде присутен во американскиот Сенат за да го потврди назначувањето на судијката Ејми Кони Барет во Врховниот суд. Првиот собир во Белата куќа за назначување судија предизвика ширење на вирусот кај претставниците на американската влада.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата