Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени нови 1.113 случаи на коронавирус, а седум лица починаа, објави словенечката влада.
Бројот на вкупно потврдени случаи се зголеми на 24.063 од почетокот на епидемијата, од кои 15.230 се активни случаи, објави Министерството за здравство.
Бројот на пациенти во болниците продолжува да се зголемува, а бројот на смртни случаи се зголеми на 248.
„Ако е можно, останете дома, тоа е единствениот начин да ја намалиме епидемиолошката крива“, рече на прес-конференција портпаролот на владата, Јелко Кацин.
„Ситуацијата е тешка и се менува од час во час“, рече Кацин, додавајќи дека владата размислува за итни мерки за зголемување на капацитетот на болницата.