Утрински Весник
Свет

На свадби и погреби во Хрватска најмногу по 30 луѓе, спортските натпревари без публика

Среде епидемија викнале 180 гости на свадба, веселбата ја прекинала лажна дојава за бомба

Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска објави нови мерки што ќе стапат на сила во понеделник, откако денеска беа регистрирани рекордни 2.421 нови случаи на коронавирус во земјата.

Со новата уредба се пропишува строга мерка за физичко растојание – 2 метри во затворени простории и 1,5 метри на отворено. Забрането е одржување на сите собири со повеќе од 50 лица. На свадби и на погреби ќе можат да присуствуваат најмногу до 30 лица, а на други приватни свечености до 15.

Спортските натпревари ќе може да се одржуваат без публика. Јавните собири можат да траат до 22 часот, а свадбите до 0:00 часот.

Забрането е продавање алкохол од полноќ до 6 часот наутро. Задолжително е да се носат маски на отворено кога не е можно да се обезбеди растојание. Маските се задолжителни на гробиштата.

Мерките се утврдени за период од 14 дена, по што ќе се процени нивната ефикасност и ќе се знае дали ќе бидат продолжени.

Од работодавците се бара да им забранат да доаѓаат на работа на лица кои имаат температура, сува кашлица и отежнато дишење. Треба да се намалат физичките контакти помеѓу вработените и да се воведе работа од дома кога е можно, да се воведе флексибилно работно време и работа во смени. Исто така се препорачува да се намалат состаноците на минимум.

Мерките ќе ги контролираат инспекторите, цивилната заштита и полицијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија