Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Ливерпул „на мускули“ го среди Шефилд

Ливерпул „на мускули“ го среди Шефилд
Dik 300x250 mk

Англискиот шампион, Ливерпул потешко од очекувањата со 2-1 славеше победа на „Енфилд“ против Шефилд Јунајтед во рамки на 6. коло од Премиерлигата.

Гостите први поведоа, од пенал, во 13 минута. Стрелец Берге.

Ливерпул веднаш тргна офанзивно да го израмни резултатот, па Фирмињо во 41 минута го врати резултатот егал.

На почетокот на второто полувреме Салах се закани од далечина, а веднаш потоа постигна погодок. Сепак голот беше поништен поради оф-сајд позиција.

Иницијативата на „црвените“ продолжи, па Жота беше стрелец на вториот гол за Ливерпул во 64 минута.

Двете екипи имаа можност до крајот да го променат резултатот, но сепак мечот заврши со конечни 2-1.

Ливерпул сега е втор на табелата со 13 бода исто колку што има и Евертон, но „карамелите“ имаат подобра гол разлика и меч помалку од соседите.

Шефилд моментно е претпоследен со само 1 освоен бод.

> Ливерпул „на мускули“ го среди Шефилд <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026