Утрински Весник
Македонија

Мала просторна интервенција во Студентскиот дом „Кочо Рацин“ – Битола – инвентивна клупа на досега празниот простор

Мала просторна интервенција во Студентскиот дом „Кочо Рацин“ – Битола – инвентивна клупа на досега празниот простор

Младински образовен форум (МОФ) во соработка со Здружението за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ Скопје, во рамки на проектот „Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Северна Македонија“, поддржан од Фондацијата Отворено општество, денеска ја постави втората мала просторна интервенција, во студентскиот дом „Кочо Рацин“ – Битола

Идејата е произлезена од Работилницата за мали просторни интервенции во студентските домови која се одржа во февруари а во која учествуваа студенти по архитектура од целата држава. Со неа, се збогатува и оплеменува просторот во кој ќе престојуваат студентите и се создава дополнителен простор во кој студентите, на отворено ќе можат да го поминуваат своето време.

Оваа мала просторна интервенција е втората од низата просторни интервенции во државните студентските домови „Пелагонија“ – Скопје, „Кочо Рацин“ – Битола и „Браќа Миладиновци“ – Штип. Во текот на октомври ќе се реализира уште една, oдносно последната просторна интервенција во студентскиот дом „Браќа Миладиновци“.

Инаку, освен менторот на акцијата, Павел Вељаноски, тимот од студенти кој работеше на идејата беше составен од : Рима Трајчева, Елена Босилкова, Анастасија Ристеска, Арсовски Кристијан, Али Алмала и Тамара Џерков.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година