Утрински Весник
Спорт

Таткото на Лука Јовиќ: Ако отворам уста, многумина ќе одат во затвор!

Таткото на Лука Јовиќ: Ако отворам уста, многумина ќе одат во затвор!

Милан Јовиќ, таткото на фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ (22) се огласи по повод заканите дека неговиот син би можел да заврши во затвор.

Лука во март годинава имаше обврска по доаѓањето во Белград 15 дена да биде во самоизолација, но тој тоа не го испочитува. Поради тоа е покренато обвинение, а Обвинителството му предочило можност на фудбалерот да биде одложено кривичното гонење, а тој за хуманитарни цели да уплари 5 милиони динари. Јовиќ тоа не го прифатил. Потоа казната била намалена, па износот кој требало да го даде бил 3.5 милиони динари. И тоа го одбил.

Како што соопштуваат од Обвинителството, сега на Јовиќ му се заканува казна затвор од 6 месеци.

По тој повод неговиот татко со остра изјава:

„Нема да давам изјави, затоа што ако јас отворам уста, тогаш многумина ќе се најдат таму каде што би сакале да се најде Лука, во затвор“ вели Милан Јовиќ.

Инаку, Лука Јовиќ во Реал годишно заработува по 4.5 милиони, ама не динари, туку евра.

> Таткото на Лука Јовиќ: Ако отворам уста, многумина ќе одат во затвор! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига