Утрински Весник
Спорт

Загревање за „вистинското“ – Барса го доби евролигашкото „Ел класико“

Загревање за „вистинското“ – Барса го доби евролигашкото „Ел класико“
Dik 300x250 mk

Пред утрешното фудбалско „Ел класико“ на „Ноу Камп“, Барселона успеа да го совлада Реал Мадрид со 79:72 во кошаркарската пресметка во Евролигата, за да ги прати „кралевите“ на 1-4 старт на сезоната.

Барселона имаше неверојатна доминација во првото полувреме во „Палау Блауграна“, пред да го изддржи камбекот на Реал во второто полувреме. Никола Миротиќ и Виктор Клавер беа во аут, така што Кајл Кјурик беше најефикасен со 15 поени, Брендон Дејвис додаде 14 поени, а Кори Хигинс имаше 13. За гостите, Треј Томпкинс имаше 14 поени, а Алберто Абалде имаше 13, за да ја намалат предноста од 23 поени во второто полувреме на пет поени, но на крајот немаа сила за подвиг.

Со триумфот, тимот на Шарунас Јасикевичиус има 3-0 скор и 4-1 во Евролигата.

ЕВРОЛИГА, 5.КОЛО

Химки – Макаби Тел Авив 87:89 (18:16, 15:20, 22:22, 26:23, 6:8)

Баерн Минхен – Олимпијакос 74:68 (22:18, 17:16, 22:19, 13:15)

Барселона – Реал Мадрид 79:72 (18:14, 30:13, 16:25, 15:20)

> Загревање за „вистинското“ – Барса го доби евролигашкото „Ел класико“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс