Утрински Весник
Македонија

Состанокот на министрите за здравство во рамки на Берлинскиот процес

Состанокот на министрите за здравство во рамки на Берлинскиот процес
Ss2

Министерот за здравство Венко Филипче и министерот за здравство на Република Бугарија Костадин Ангелов, денеска копретседаваа со Состанокот на министрите за здравство во рамки на Берлинскиот процес, преку видеоконференциска врска, кој за првпат оваа година на агендата го вклучува и секторот здравство.

На министерскиот состанок, кој се одржа во Владата преку видеоконференциска врска, покрај министерот Филипче, присутни беа и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн, претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, како и членот на Комисијата, Сузана Маневска.

Ss1

Тема на дискусија на министерскиот состанок беше здравствениот одговор во услови на ковид-19 во регионот и пошироко, како и координиран пристап за слободно движење на луѓе, стоки и услуги, притоа држејќи ја епидемиската состојба под контрола.

Учество во дискусијата земаа претставници од Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија и Полска. Исто така, свои вклучувања имаа и претставникот на ЕУ – советник за здравство и управување со кризи Изабел Де ла Мата, регионалниот директор на Светската организација на Европа, Ханс Клуге, Јоана Ханефелд од Центарот за меѓународна здравствена заштита, Роберт Кох Институт, Андреа Аман директор на Европски центар за превенција и контрола на болести и Мира Јовановски Дашиќ од Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN).

Министерот Филипче се заблагодари за поддршката од сите компании, амбасади, земјите од Европската Унија кои дадоа значителна помош во заштитна медицинска заштита, но и средства за зајакнување на здравствениот систем во услови на ковид. Тој ги информираше учесниците за поддршката и четирите пакет мерки од Владата за помош на граѓаните и компаниите и објасни како функционира здравствениот систем во услови на ковид.

„ Здравствениот систем од почетокот на кризата е целосно реорганизиран. Во инфективните одделенија кадешто се третираат пациенти со ковид-19 работат доктори и медицински сестри по систем на ротација. Секаде во регионот, Европа и светот бројот на новозаразни и хоспитализирани се зголемува. Се надевам дека резултатот од овој состанок ќе биде воспоставување на систем на подобра размена на искуствата во однос на пандемијата предизвикана од коронавирусот заедно со земјите во регионот. Исклучително е важно со земјите од Западен Балкан да воспоставиме подобра координација со цел поуспешно справување со ковид кризата“, потенцираше Филипче.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет

Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, спортски објекти…

Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?