Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Инфантино: Не сум заинтересиран за Супер лигата, сакам лига на глобално ниво

Инфантино: Не сум заинтересиран за Супер лигата, сакам лига на глобално ниво
300x250 opst2

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјавил дека не бил заинтересиран за европска Супер лига. Англиските медиуми пред неколку дена објавија дека оваа лига ќе ја покрене ФИФА, што ќе значи карај за Лигата на шампионите. ФИФА во овој проект, според овие извори, ќе влезела со 6.000.000.000 долари. Наводно, учеството во Супер лигата го потврдиле Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а блиску до потврден одговор биле и од Реал Мадрид.

Првиот човек на ФИФА, Инфантино, во интервју за „Аргауер Цајтунг“ рекол дека светската куќа на фудбалот е сконцентрирана на Светското клупско првенство кое во новиот формат, со 24 екипи, ќе се одржи во 2022 година.

„Како претседател на ФИФА сум заинтересиран за Светското клупско првенство, а не за Супер лигата. Тука не се работи за натпревар помеѓу Баерн и Ливерпул, туку за натпревар помеѓу Баерн и Бока Јуниорс. Ливерпул има 180 милиони навивачи низ светот, Фламенго повеќе од 40 милиони од кои 39 милиони се во Бразил. Ливерпул можеби има 5 милиони навивали во Европа, но во светот за него навиваат 175 милиони луѓе“, рекол Инфантино и дополнил.

„Сакам клубовите кои не се од Европа, во иднина да бидат привлечни на глобално ниво. Тоа е мојата визија. Сакм да имаме 50 клубови и репрезентации кои би можеле да станат светски шампиони“.

> Инфантино: Не сум заинтересиран за Супер лигата, сакам лига на глобално ниво <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026