Утрински Весник
Магазин

Холандскиот крал се извини за годишниот одмор среде рестрикции за патување

Холандскиот крал се извини за годишниот одмор среде рестрикции за патување

Кралот на Холандија Вилем-Александер денес се извини дека се обидел да замине на годишен одмор за време на забрана за патување.

Петчленото семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Кралот Вилем-Александeр, кралицата Максима и нивните три ќерк беа принудени да се вратат во Холандија по негодувањето на јавноста за нивниот одмор во Грција имајќи предвид дека тие заминаа во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19 и препораки да не се патува.

Сега, кралот и кралицата јавно се извинија за својата постапка: „Боли што ја изневеривме вашата доверба во нас. И покрај тоа што патувањето беше во согласност со прописите, беше многу неразумно да не се земе предвид влијанието на новите ограничувања врз нашето општество. Нашата одлука за враќање беше донесена со сознание дека не требаше да заминеме.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Британски возач, со брзина од 654 километри на час постави нов светски рекорд во САД

Што се случува со телото ако секое утро пиете топла вода?

До која возраст децата не треба да имаат свој мобилен телефон?