Утрински Весник
Свет

Во Србија поостри казни за неносење маски, ќе се издаваат на самото место

Во Србија поостри казни за неносење маски, ќе се издаваат на самото место
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Србија ќе започне со построги санкции за непочитување на епидемиолошките мерки, поради што Собранието ќе усвои измени и дополнувања на повеќе закони на својата наредна редовна седница.

Така, во иднина, неносењето маски во затворен простор, ќе се казнува со 5.000 динари, но на самото место на прекршокот, без судски порцедури како што е во моментов, пренесува „Блиц“.

Српскиот кризен штаб, денеска не донесе никаква одлука за воведување нови мерки, иако вчера членовите на тоа тело објавија дека нова мерка ќе биде задолжителен ПЦР тест за влез во земјата.

По разгледувањето на моменталната епидемиолошка состојба во Србија, кризниот штаб денеска само соопшти дека сите претходни мерки во борбата против коронавирусот ќе треба да се почитуваат построго.

„Овој пат, не донесовме нови мерки, ниту ги заостривме постојните, туку само инсистираме на мерките да се почитуваат и сè да се спроведува ригорозно“, рече имунологот Срѓа Јанковиќ по седницата на кризниот штаб, додавајќи дека властите работат на правната рамка.

Ова значи дека неносењето маска, со измена на законот, официјално ќе стане прекршок, што ќе овозможи да се издаваат парични казни на самото место.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руте: Путин главна пречка за мирот во Украина

Рекорден број германски пензионери зависат од државна помош

Путин подготвен за разговор со Макрон за Украина