Утрински Весник
Магазин

Кери Андервуд го собори сопствениот рекорд на музички награди

Кери Андервуд го собори сопствениот рекорд на музички награди

Кантри ѕвездата Кери Андервуд е големиот победник на синоќешната виртуелна церемонија на доделување кантри музички награди CMA Awards 2020.

Тејлор Свифт ја додели наградата што ја освои пред повеќе од една деценија.

Андервуд (37), која е нарекувана кралица на кантри музиката, се закити со награда за видео на годината и најдоброто женско видео за Drinking Alone, забележувајќи ја рекордната 22-ра победа на доделувањето награди.

„Многу ти благодарам“, рече Андервуд во говорот за прифаќање на трофејот што произлезе од нејзиниот шести студиски албум Cry Pretty. „Мои фанови, вие никогаш не престанувате да ме воодушевувате. Ви благодарам многу што гласавте за мене.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бургас домаќин на „Евросонг“ в година

Британски возач, со брзина од 654 километри на час постави нов светски рекорд во САД

Што се случува со телото ако секое утро пиете топла вода?