Утрински Весник
Свет

Северна Кореја: Песочна бура може да донесе коронавирус од Кина

Северна Кореја: Песочна бура може да донесе коронавирус од Кина

Предупредувањата за наближување на песочна бура од Кина, предизвикаа реакција во Северна Кореја. Одделот за протоколи на Министерството за надворешни работи во земјата испрати известување за невремето што се приближува до дипломатските мисии и претставништвата.

Од севернокорејското министерство изразуваат страв дека заедно со честичките од песок, може да се увезе нов вид коронавирус во земјата, објави РИА Новости.

Во врска со ова, строго се препорачува до граѓаните да не излегуваат до крајот на денот и да останат во своите домови со цврсто затворени прозорци.

Северна Кореја тврди дека помеѓу населението нема заразени со Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети