Утрински Весник
Свет

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, дури десетмина починати во Загреб

Повторно повеќе од 200 новозаболени во Хрватска

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени, а во Загреб има дури десетмина починати.

Во последните 24 часа евидентирани се 1.563 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 7.380. Меѓу нив, 661 пациент е во болница, од кои 46 се на апарати за дишење.

Тринаесет лица починаа, од кои 10 во Загреб.

Бројките објавени за Загреб укажуваат на тоа дека денес во Хрватска ќе биде соборен уште еден рекорд. Главниот град скокна од вчерашните 337 на 705 новозаболени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Калас за прелетот на руски дронови над Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир 

Почина Чарли Кирк, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот