Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за интензивна нега.
„Постојано се плашев дека осаменоста ќе ја докрајчи пред вирусот. Таа стравуваше дека ќе остане сама, особено во болница“, рече Ноелија Вале.
Внуката претпоставува дека нејзината баба се заразила на 99. роденден на 16 септември, кога семејството се собрало и се напило пијалак на терасата во семејниот стан.
„Мислам дека тоа се случи тогаш, во време кога сите бевме заедно без маска“, рече Вале.
Неколку дена подоцна Мартин почнала да се чувствува слабо и паднала во кревет.
Сепак, таа имала само благи симптоми и оздравела дома во Мадрид, со помош на нејзиното семејство, негувателката Олга Арауз и верното наглуво куче Луна.
Сега повторно може да ги гледа своите омилени претстави и да игра игри со таблет.
„Добро сум, навистина сум добро“, рече Мартин, а нејзините сеќавања за вирусот се нејасни.
Иако нејзината баба заздрави, Вале, биолог, сепак инсистира да носи маска кога ќе ја посети.
„Јас сум сè уште на готовс, но секако чувствувам огромно олеснување“, рече таа.
Со над милион случаи, Шпанија има најголем број на зараза со коронавирус во Западна Европа.
Повеќе од 34.000 луѓе починаа од Ковид-19 во земјата, повеќето над 80-годишна возраст.