Утрински Весник
Македонија

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје.

Само вчера регистрирани беа 641 заразени, а починаа 12 лица.

Вкупно хоспитализирани се околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои 80 се на кислородна поддршка. Од вчера почнаа да се примаат пациенти и во модуларната болница сместена до Инфективната.

Во ГОБ „8 Септември“ петмина лица се на респиратор, а таму во моментот се лекуваат 47 пациенти.

Во Козле хоспитализирани се четири деца и шест мајки. Во болницата во Битола се 52, а во болницата во Штип 50 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци, се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче предупреди дека болничките капацитети се еден од главните параметри, па ако овие капацитети се исполнуваат тогаш ќе препорачаат целосна рестрикција во движењето, односно полициски час.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, оздравени се 17.905, а починаа 862.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во студентските домови

Пријавувањето е во тек: 1360 пензионери се пријавиле за парична помош од 2.500 денари

Со грант од 2 милиони евра од ЕБР ќе се прави студија за подобра животна средина