Утрински Весник
Свет

Турција ќе испрати војска доколку Азербејџан го побара тоа

Азербејџан тврди: Ерменските сили убија петчлено семејство

Анкара нема да се двоуми да испрати војска и да му обезбеди воена поддршка на Азербејџан, ако Баку го побара тоа, изјави денеска турскиот потпретседател Фуат Октај.

Сепак, Октај истакна дека во моментот нема такво барање, пренесува „Ројтерс“.

Тој, исто така, ја критикуваше Минската група на ОБСЕ во интервју за „Си-ен-ен Турк“, тврдејќи дека се обидува да го задржи проблемот нерешен и да ја поддржи Ерменија, како од политички, така и од економски аспект.

Со Минската група на ОБСЕ претседаваат Франција, Русија и Соединетите држави и таа е формирана да посредува во овој конфликт.

Ерменскиот премиер претходно рече дека не гледа можност за постигнување дипломатско решение во оваа фаза на конфликтот со Азербејџан околу Нагорно-Карабах.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад