Утрински Весник
Спорт

Клоп ги губи нервите: Дали си ти новинар или скокна тука?

Клоп ги губи нервите: Дали си ти новинар или скокна тука?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, влезе во вербална војна со новинарите вторпат оваа недела откога пред гостувањето кај Ајакс во Лигата на шампионите, се потсмеваше со прашањето на еден од новинарите за своите шанси за победа во овој меч.

Неколку дена откако на новинарите им кажа дека не се сериозни кога го прашуваат за судиите, Клоп очигледно не беше воодушевен од прашањето на еден холандски новинар за шансите за победа на арената „Јохан Кројф“ по повредите на Вирџил ван Дајк и Тијаго Алкантара во саботното дерби со Евертон.

„Добровечер, Клоп. Ќе ви недостигаат креативноста и точните додавања на Тијаго во средината на теренот и силата и воздушната закана на најдобриот централен бек на светот. Против брз и компактен тим како Ајакс дали имате шанси без Тијаго и Вирџил“, праша новинарот.

Клоп се потпре на столот и со резигнација изјави: „Не“.

„О, боже. Сепак, ќе се обидеме. Не сум сигурен… Дали си ти воопшто новинар?“, изјави саркастично Клоп.

Ова не е првпат Клоп оваа сезона да влегува во конфликт со новинарите кога претходно им советуваше да пишуваат приказна за ФИФА, а влезе и во незгоден конфликт со легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин, кој ја нарече играта на Ливерпул при 3:1 победата над Арсенал нестабилна.

> Клоп ги губи нервите: Дали си ти новинар или скокна тука? <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност