Утрински Весник
Свет

Грција: Вооружените сили поставуваат вештачки пречки во Еврос

Грција: Вооружените сили поставуваат вештачки пречки во Еврос

Грчките вооружени сили започнаа со поставување вештачки пречки, поправка на набљудувачници и инсталирање на осветлување по должина на грчката граница во Еврос.

Целта на работите е да се олесни работата на грчката полиција и Фронтекс при патролирање, надзор и безбедно да се спречи нелегалното влегување во Грција.

Работите се одвиваат истовремено со изградбата на оградата долга 26 километри, јави АНА.

Тие се изведуваат според упатствата на Грчкиот штаб за национална одбрана, со учество на инженерски единици и градежни одреди на вооружените сили во областа Еврос.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мерц во ненајавена посета на Украина; Захарова: Убиецот се враќа на местото на злочинот

Иран: Го осудуваме насилното задушување на студентските протести во Франција

АфД со рекордна поддршка од 30 проценти и огромна предност во однос на другите