Утрински Весник
Македонија

МВР: Екстрадирано лице од Германија осудено на 20 години затвор

МВР: Екстрадирано лице од Германија осудено на 20 години затвор

Министерството за внатрешни работи, во соработка со германската полиција, во Хамбург го приведе и преку екстрадициска постапка го донесе во Северна Македонија лицето Ѓ.М. за кое се трагаше со осум потерници.

Тој е осуден на затворска казна со вкупно времетраење од 20 години за извршени тешки кражби и криумчарење мигранти.

Од МВР информираат дека во периодот од 15 септември до 20 октомври на територијата на Република Северна Македонија приведени се над 100 лица за издржување на затворска казна до 10 години и истите се спроведени во казнено поправните институции.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница