Утрински Весник
Свет

Во стампедо во ред за визи загинаа 15 луѓе

Во стампедо во ред за визи загинаа 15 луѓе

Најмалку 15 луѓе загинаа во стампедо пред пакистанскиот конзулат во Џaлалабад, каде околу 3.000 граѓани чекаа во ред за виза.

Стампедото се случи вчера кога насобраните луѓе почнаа да се туркаат едни со други, пренесува Ројтерс.

Единаесет од 15-те жртви се жени, а меѓу повредените се и постари граѓани, рече Сохраб Кадери, член на покраинскиот совет.

„Барачите на виза се наметнуваа да добијат знак од официјалните претставници на конзулатот, метежот излезе од контрола и доведе до стампедо“, рече еден официјален претставник.

Десетици илјади Авганистанци патуваат секоја година во Пакистан, претежно заради лекување, едукација и работа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд

Во земјотресите во Венецуела досега пронајдени најмалку 920 загинати лица, 3.300 се повредени

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места