Утрински Весник
Свет

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

(Видео) Заложничка драма во банка во Франција
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на професорот по француски јазик, Самуел Пати, изјави претставник на француското обвинителство за борба против тероризмот.

Pet Utrinski

На 16 октомври, среде бел ден, Пати беше обезглавен пред училиштето каде што предаваше во предградијата на Париз, од 18-годишник со чеченско потекло. Полицијата потоа го уби напаѓачот.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Истражителите велат дека тинејџерот сакал да се одмазди затоа што наставникот покажал карикатури на пророкот Мухамед на часот за слобода на изразување. Муслиманите веруваат дека секое портретирање на пророк е богохулно.

Убиството ја шокираше Франција и потсети на нападот пред пет години во канцеларијата на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“, откако весникот објави карикатури на пророкот Мухамед. Јавните личности го нарекоа атентатот – напад врз Републиката и француските вредности.

Денеска на универзитетот Сорбона во Париз ќе се одржи национална комеморација за Пати.

На Самуел Пати постхумно ќе му биде доделена највисоката француска награда „Легија на честа“, објави вчера министерот за образование.

Францускиот министер за правда, Ерик Дупонд-Морети ги отфрли сите критики дека имало неуспех да се пронајде младиот чеченски Русин кој го обезглави професорот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин наредил испраќање на два авиони, хеликоптер и 50 спасувачи во потрага на Раиси

Тројца спасувачи кои трагаа по хеликоптер на Раиси исчезнаа

Со дронови се бара хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси по тешко слетување