Утрински Весник
Свет

Дачиќ ќе биде новиот претседател на српскиот парламент

Дачиќ ќе биде новиот претседател на српскиот парламент

Идната српска влада ќе биде коалициона влада со СПС на Ивица Дачиќ и СПАС на Александар Шапиќ и со ограничен рок од две години, се до вонредните парламентарни избори, кои ќе се одржат паралелно со претседателските, не подоцна од 3 април 2020 година. Ова го изјави српскиот претседател и лидер на Српската напредна партија (СПС), Александар Вучиќ.

Тој објави дека Ивица Дачиќ ќе биде новиот претседател на Собранието, откако досега беше министер за надворешни работи.

Дачиќ му се заблагодари на Вучиќ и порача дека само „обединета Србија може да одговори на предизвиците што ќе не очекуваат во наредниот период“.

„Заедно со претседателот на Република Србија и Владата на Република Србија, Националното собрание ќе даде клучен придонес во развојот и иднината на Србија, со целосно единство што обезбедува стабилност и просперитет на земјата“, изјави Дачиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски ги повика странските претставници да не присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини