Утрински Весник
Свет

Европската комисија почна постапка против Кипар и Малта за „златните пасоши“

Европската комисија почна постапка против Кипар и Малта за „златните пасоши“

Европската комисија поведе прекршочна постапка против Кипар и Малта поради практиката на доделување државјанство на странски инвеститори, т.н. „златен пасош“.

Комисијата смета дека доделувањето на државјанството на овие земји членки, а со тоа и на државјанството на ЕУ, во замена за предодредено плаќање или инвестиција и без вистинска врска со засегнатите земји членки, не е компатибилно со принципите на Договорот за ЕУ.

Брисел проценува дека ваквото однесување исто така го нарушува интегритетот на статусот на државјанство на ЕУ, предвиден во член 20 од Договорот за функционирање на Европската Унија.

Владите на Кипар и Малта имаат рок од два месеца да одговорат на официјалното известување на Комисијата за започнување на постапката, испратено во писмена форма.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Големи поплави во Шпанија, има и загинати

Трамп пред избори: Над 20 милиони пензионери ќе добијат 90 долари на своите сметки

Млада лаборантка почина од чума во Русија, речиси 200 лица под медицински надзор