Европската фудбалска унија (УЕФА), во наредните пет сезони, ќе го намали наградниот фонд, пишува „Тајмс“. Повикувајќи се на извори во УЕФА, овој медиум, тврди дека УФА се соочила со големи финансиски проблеми, поради коронавирусот.
Во текстот, „Тајмс“ наведува дека УЕФА поради пандемијата е во минус од 500.000.000 евра, што е премногу дури за толку голема и мо
на организација.
Поради тоа во наредните пет години УЕФА ќе го намали наградниот фонд за четири отсто.
Секоја година УЕФА на клубовите и националните федерации им распределува 2.000.000.000 евра. Со новите мерки, УЕФА во наредните пет години ќе дели 80.000.000 евра помалку за да го надомести минусот.
> Тајмс: УЕФА ќе го намали наградниот фонд <