Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 890 новозаболени од Ковид-19, осуммина починати

Во Хрватска, 145 новозаразени со коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 890 нови случаи на инфекција со Ковид 19, а бројот на активни случаи е вкупно 5519.

Меѓу нив, 574 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 32 се на апарати за дишење.

Осум лица починаа. Меѓу нив и пациентка родена во 1987 година.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 26.863 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 382 починале.

Вкупно закрепнале 20.962 луѓе, од кои 433 во последните 24 часа.

Во моментов има 22 372 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 406.519 лица, од кои 5.883 во последните 24 часа.

Во Хрватска засега не се размислува да се воведе полициски час.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години