Утрински Весник
Свет

Германски вирусолози: Постои опасност од неконтролирано ширење на коронaвирусот во зима

Германски вирусолози: Постои опасност од неконтролирано ширење на коронaвирусот во зима

Германското здружение за вирусологија предупреди на последиците од неконтролираното ширење на коронавирусот за време на претстојната зима.

Тие повикаа на научно заснована акција против пандемијата на коронавирус.

„Поради експлозивната динамика на инфекцијата, што ја забележуваме низ цела Европа, постои страв дека од одредена точка ќе дојде до губење на контролата над инфекцијата“, велат вирусолозите.

Тие се жестоко против стратегијата на природно инфицирање на населението со цел стекнување имунитет на стадото, бидејќи, како што предупредуваат, тоа би довело до преоптоварување на здравствените системи.

Тие велат дека и со помалку од 20 000 новоинфицирани лица на ден, германскиот здравствен систем би бил преоптоварен поради недостаток на персонал на интензивна нега.

Вирусолозите посочуваат дека неконтролираното ширење на инфекцијата би довело до зголемен број смртни случаи, бидејќи и покрај строгата изолација на пензионерите, постојат дополнителни ризични групи.

Тие исто така наведуваат дека сè уште не е докажано колку долго трае имунитетот стекнат по инфекцијата и додаваат дека станува сè појасно дека во асимптоматски случаи, како што се претежно кај млади луѓе, не постои стабилен имунитет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија

Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа