Поранешниот репрезентативец на Камерун, Самуел Ето, доби номинација од „Франс фудбал“ за најдобриот тим на сите времиња. Ето и покрај номинацијата е незадоволен бидејќи го ставиле на погрешна позиција.
„Франс фудбал“ го номинираше Камерунецот на позицијата десно крило, иако тој речи во целата своја кариера играше како централен напаѓач.
Покрај Ето на оваа поизицја „Франс фудбал“ ги номинираше: Лионел Меси, Аријан Робен, Луис Фиго, Дејвид Бекам, Џорџ Бест, Кевин Киген, Стенли Метјуз, Гаринча и Жаирзињо.
„Ви благодарам, но јас на десната страна одиграв една или две сезони, а 25 години од кариерата играв како центарфор. Недостиг на почитување од Франс фудбал“, напишал Ето на Твитер.
Ето во клупската кариера одиграл 764 натпревари, постигнал 371 гол.
Merci,
Mais j’ai joué 1,2 saisons sur la droite (pourtant j’ai 25ans de carrière comme avant centre)
Le manque de Respect.@francefootball N’IMPORTE QUOI! pic.twitter.com/2vmb0uuhIl— Samuel Eto’o (@setoo9) October 19, 2020
> Ето збесна иако доби номинација за најдобриот тим на сите времиња <