Утрински Весник
Свет

Бајден во изборната програма најавува посилен ангажман на САД на Западен Балкан

Бајден во изборната програма најавува посилен ангажман на САД на Западен Балкан

Ако победи на претседателските избори во САД, Џо Бајден ќе биде силно посветен на консолидирање на мирот и стабилноста на Западен Балкан, преку зајакнување на сојузот со ЕУ и НАТО, објавија од изборниот тим на демократскиот кандидат за претседател на САД.

Составен дел од изборната програма на Бајден е и делот поврзан со приоритетите во надворешната политика, а исто така и Југоисточна Европа најде место меѓу нив. Посебно се истакнува најавата за ангажман на САД во БиХ, а оваа информација на неговиот „Фејсбук“ профил ја сподели во вторникот Елвир Клемпиќ, по потекло од БиХ, кој е одговорен за односите со етничките заедници во САД во изборниот штаб на Бајден.

„Џо Бајден ќе ги обедини нашите партнери во рамките на ЕУ и НАТО за заеднички развој на стратегија за зајакнување на позицијата на Западен Балкан во евро-атлантските институции. Џо Бајден знае дека е време храброто и одлучно американско раководство да ги поттикне реформите и помирувањето, со цел повторно да се посветиме на нашата долго ветена цел за целосна, слободна и мирна Европа. Џо Бајден е посветен на тоа дека ќе биде засекогаш против омразата и ќе ги поддржи суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина “, се вели во програмата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење