Утрински Весник
Свет

Европа: Во Германија 6.868 новозаболени од коронавирус, во Украина 113 починати

Италијанка по трет пат заболела од коронавирус
Dik 300x250 mk

Во Германија, во последните 24 часа се регистрирани 6.868 нови случаи на коронавирус, а 47 лица починаа, објави Институтот „Роберт Кох“.

Вкупно 373.167 лица се заразени во земјата од почетокот на епидемијата, од кои 9.836 починале, пренесува „Ројтерс“.

Во последните 24 часа во Украина е забележана рекордна смртност кај ковид-пациенти – 113 смртни случаи.

Украинскиот Совет за национална безбедност објави дека досега се потврдени вкупно 309.107 случаи на Ковид-19, 5.786 починати и 129.533 излекувани пациенти, објави „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

Шведска ја суспендира дел од помошта за Србија поради корупција

Началникот на германските вооружени сили бара сите млади мажи да бидат проценети за воена служба