Утрински Весник
Македонија

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Досега се регистрирани 27.326 прекршоци за нeносење на маска

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието.

Владата треба да расправа за воведување на следните мерки – сите економски оператори да работат до 23 часот, капацитетот во јавниот превоз да се ограничи на 50 отсто, да се забранат јавни настани и да се даде препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, да ја организираат работата во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации.

Ова е пакетот мерки кои вчера ги најави министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека ова е последниот чекор пред воведување полициски час.

Собранието, пак, ќе расправа за претходните рестриктивни мерки кои веќе се усвоени на владина седница. За да стапат на сила овие мерки треба да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Овој пакет се состои од три мерки: задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор на максимум четири лица и ограничување на семејните собири односно едно семејство да смее да прими најмногу четири гости.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

МНР: Македонски државјани во подрачјата со пожари во Грција телефонски се обратиле за информации, засега нема официјална бројка на евакуирани

Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани