Утрински Весник
Свет

Главниот преговарач на Европската Унија: Подготвени сме да ги продолжиме преговорите со Велика Британија

Главниот преговарач на Европската Унија: Подготвени сме да ги продолжиме преговорите со Велика Британија

Европската Унија ја префрли топката на британско тло, велејќи дека сега останува на Лондон да го направи следниот чекор, откако британскиот премиер Борис Џонсон се закани дека ќе ги напушти разговорите за идните трговски односи.

„Потврдувам дека ЕУ е сè уште достапна за интензивирање на разговорите со Лондон оваа недела, на сите теми и врз основа на сите законски текстови“, изјави денеска главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, по телефонскиот разговор со британскиот преговарач Дејвид Фрост.

„Сега ја чекаме реакцијата на Обединетото Кралство“, додаде Барние.

Неговата изјава доаѓа во време кога двете страни меѓусебно се обвинуваат за застој во овие исклучително важни преговори. Европските лидери минатата недела ја повикаа Велика Британија да ги преземе неопходните чекори, така што трговскиот договор би бил готов до 1 јануари следната година, кога истекува преодниот рок по Брегзит.

По излегувањето од ЕУ, Велика Британија влезе во преоден период што и’ дозволи да тргува со земјите на ЕУ под истите услови како порано.

Џонсон во петокот рече дека преговорите не треба да продолжат доколку ЕУ не преземе фундаментално поинаков пристап. Иако не се откажал целосно од преговорите, Џонсон посочува дека неговата држава е подготвена за сценарио во „австралиски стил“.

Австралија нема посебен договор со ЕУ, па затоа тргува со Европската унија според правилата на Светската трговска организација

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд