Утрински Весник
Економија

Заев на средба со претставници на Градежната комора

Заев на средба со претставници на Градежната комора
Dik 300x250 mk

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, се сретна со претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јакимовски и со членови на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.

На состанокот беше вклучен преку интернет и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

На средбата се поздравени заложбите на премиерот Заев за подобрување на деловното опкружување во државава.

Истакнати се определбите на Градежната комора за продолжување на партнерскиот однос и за соработка во активностите, важни за развојот на економијата.

Разгледани се и конкретно, актуелните состојби во секторот градежништво и е разговарано за можностите за реализација на капитални инвестиции од значење, како за градежниот сектор, така и за граѓаните и за државата.

„Нашата цврста определба е раст на домашната економија, во што голем придонес може да дадат домашните фирми со активната работа, меѓу коишто и компаниите од секторот градежништво. Ја поддржуваме иницијативноста на Градежната комора да помогне во овој процес, што ја има поддршката на Владата“, рече премиерот Заев на средбата со претставниците на Градежната комора на Македонија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС”: „МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ИМАШЕ СОЛИДНА ОСНОВА И ТРЕБА ДА ГО ПРОДОЛЖИ СВОЈОТ РАЗВОЈ”